Околу 30 поларни мечки се приближиле до селото Рјиркајпиј во автономниот округ Чукотка, на крајниот североисток на Русија, објави рускиот разгранок на Светскиот фонд за диви животни.
Мечките засега се однесуваат мирољубиво, припадниците на Светскиот фонд успеале да избројат околу 30, но се верува дека бројот е поголем.
- Нашите службеници ја контролираат ситуацијата и не дозволуваат предаторите да влезат во селото - тврдат од Светскиот фонд за диви животни.
Сепак, експертите се изненадени од нивниот број, со оглед на тоа што овие животни претежно живеат сами и се активни во текот на целата година.
Поларната мечка живее во области околу Северниот Пол покриени со вечен снег и мраз и претпочита подрачја со поголеми отворени води и пошироки крајбрежни области.
Фото: Freepik