Сите херои не се исти, а еден во Украина има шепи и спасува луѓе со својот нос. Станува збор за двегодишното куче Патрон од расата џек расел териер кое неодамна станало ѕвезда на интернет поради неговата работа со украинските итни служби во градот Чернигов.
Од почетокот на војната ова храбро куче помогнало да се пронајдат над 90 експлозиви оставени од руската војска во воените региони. Патрон го обожаваат сите жители во Чернигов и пошироко, а итните служби предвидуваат дека приказната на Патрон еден ден ќе биде прикажана на филм.
Во меѓувреме, додека Патрон продолжува со детектирањето на експлозивите, обожаватели од целиот свет прават играчки и илустрации инспирирани од него.
Извор:
My modern met
Насловна фотографија:
Facebook