Факултети.мк и годинава беше препознаен од читателите како релевантен и објективен известувач и промотор на успешните луѓе од Македонија, но и посветен поборник за подобрување на условите за живот во нашата земја. Ретроспективата на изминатава 2023 година носи многу успешни приказни кои привлекле најмногу внимание.
Во продолжение се десетте најчитани теми на Факултети.мк за 2023 година.
Иако објавен пред само десетина дена, убедливо најчитан текст за годинава е разговорот со првенецот на Медицинскиот факултет во Скопје, Леонид Рене Томас Караџинов.
Втор најчитан текст е убавата приказна од Пехчево и забраната за носење мобилни телефони на училиште.
Во десетте најчитани теми имаме две кои се однесуваат на студирањето во Словенија и колку чини тоа.
Една од успешните приказни што привлече големо читателско внимание е на Адора Лимани која се запиша на „Браун“.
Разговорот со Филип Стојановски, кој е прв дипломец на ФИНКИ со просек 10,00, а сега работи во „Спотифај“, исто така влезе во најчитаните за годинава.
Меѓу најчитаните теми се најде и онаа за одложувањето на мајчинството во Македонија и раѓањето на сѐ постари години.
За читателите беше интересно да читаат и за специјализантот по дигестивна хирургија Филип Стојковски.
Од темите за успешните Македонци, за читателите на Факултети.мк една од најинтересните беше за Дарио Стојановски, кој беше најдобар студент на ФИНКИ во 2014 година, а сега работи во „Мајкрософт“.
И десеттата најчитана тема за годинава беше за проблемите на учителите, кои се пожалија на односот од родителите при избирањето кој да ги учи нивните деца.