Како и секоја година, така и оваа што само што ја оставивме зад нас, тимот на Факултети.мк напорно работеше за да понуди интересна, едукативна и релевантна содржина за читателите. Во годината на избори и многу настани на политичката сцена, ние се потрудивме да донесеме малку свежина во медиумскиот простор.
Во продолжение ќе ви ги претставиме петте најчитани авторски текстови на Факултети.мк за 2024 година, а вие можете да ги прочитате со едноставно
кликање на сликите.
Убедливо најчитан текст за годинава е оној за Јорданка Мавродиева, жената која на 68 години го заврши вториот факултет. Таа е електроинженер во пензија, но љубовта кон македонскиот јазик по пензионирањето ја однела на Филолошкиот факултет, каде што дипломира на 68 години.
Втор на листата е текстот за прекрасната Цеце Николова, водителка на утринска програма на Канал 5, која храбро излезе на малте екрани со својата гола глава, испраќајќи порака дека сите сме различни и не треба да правиме ништо за да го промениме тоа.
Трета најчитана тема за 2024 година е темата за д-р Елмедина Асани, специјализантката по неврохирургија, која зборуваше за маките со вработувањето.
Четвртото место го зазема текстот за Руфија Идризовска, најдобар дипломиран студент на ПМФ, која имаше импресивен просек 10.00.
Петтата најчитана тема за изминатата година исто така е за студент-првенец, само овој пат од Медицинскиот факултет. Станува збор за темата за Анастасија Петличковска и нејзиниот постигнат успех.