Струга објави повик за обука за спасители на вода. Сите заинтересирани кои што сакаат да ја следат обуката за спасител на вода треба да го пополнат формуларот кој е објавен на фејсбук страната на Црвен Крст – Струга најдоцна до 2-ри Јуни .
Апликантите треба да бидат психо-физички способни. За подетални информаци канцелариите на Црвен Крст можете да ги најдете во Општа болница – во објектот каде што се наоѓа трансфузиологија 1-ви спрат.
Обуката ќе се одржи во месец јуни во Струга.
Сите кои сакаат да се пријават, тоа можат да го направат
ТУКА.