Со задоволство ве известуваме дека прв пат е отворен регионален конкурс за краток расказ – Бибер. Темата на конкурсот е помирување во контекст на наследството од војните и насилството во земјите од поранешна Југославија, особено во периодот 1991-2001.
Ги повикуваме сите автори и авторки кои пишуваат на албански, македонски, босански, црногорски, хрватски и српски јазик да ги испратат своите раскази. Повикот се однесува на афирмирани автори и авторки, како и на оние кои досега немаат објавувано.
Конкурсот е отворен до 06.09.2015 година. Авторите/ките на трите најдобри раскази ќе бидат наградени со парични награди. Жири-комисијата ја сочинуваат Дорунтина Баша, Фарук Шехиќ и Бојан Кривокапиќ.
Конкурсот го организира тимот на Бибер во соработка со Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.
Повеќе информации за условите на конкурсот и за наградите можете да најдете на страницата на Бибер
http://biber.nenasilje.org.