X
 28.01.2020 Живот

Конкурс за награди за новинари што пишуваат за невидливите

Македонскатa платформа против сиромаштијата (МППС) по третпат го распиша конкурсот за доделување „Награди за новинари што пишуваат за невидливите“.
Станува збор за доделување награди за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои пишуваат на социјални теми, поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето што ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи. Она што овој проект го прави уникатен е составот на жирито, односно улогата на членови во жирито ја имаат исклучиво луѓе што имаат искуство со живот во сиромаштија.

Целта на наградите е промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните што вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Краен рок за пријава на сториите е 01.02.2020 година.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот