X
 01.01.2017 Наука

Што претставува емоционален мамурлак?

Освен за биолошкиот факт дека милијарди нервни завршетоци се во мозокот, за тоа како човечката меморија работи малку се знае. Нова студија од научниците од Универзитетот Њујорк „фрла“ нова сенка на тоа како ефектите од емоционалните искуства влијаат на искуствата кои се меморирани од мозокот.

„Како ние се сеќаваме на настаните не е само последица на тоа како го искусуваме надворешниот свет, но исто така е под силно влијание на нашата внатрешна состојба“- вели Лила Давачи, вонреден професор на Одделот за психологија на Универзитетот Њујорк и автор на студијата.

Емоционалните искуства се помнат повеќе од не-емоционални искуства, но студијата покажа дека мозокот дури и на не-емоционалните искуства се сеќава кога пред тоа има емоцинални настани.

„Овие наоди појаснуваат дека нашето познание е под големо влијание на претходните искуства и поконкретно емоционалната состојба на мозокот може да трае долг период на време“- вели Давачи.

За да ​​дојдат до нивните наоди, истражувачите ги поделија испитаниците во две групи за тестирање и им покажале фотографии. На едната група им биле прикажани слики кои предизвикале емоционална возбуда, а потоа 10-30 минути подоцна ним им биле покажани обични, емоционално неутрални слики.

На другата група на испитаници им биле прикажани фотографии во обратен редослед, прво неутралните слики, а потоа емоционалните слики. На двете групи  им биле дадени тест за меморија шест часа подоцна за да се види колку добро се сеќаваат на сликите што ги виделе.

„Резултатите покажаа дека субјектите кои биле прво изложени на фотографиите кои евоцирале емоции имале подобра долгорочна меморија за неутралните слики презентирани подоцна, во споредба со групата, која беше изложена на истите неутрални слики, пред  емоционалните слики“ се вели во соопштението.

Врз основа на активноста на мозокот, која била мерена со помош на функционална магнетна резонанца (fMRI)), истражувачите откриле дека состојбата на мозокот изнудил емоционална активност што траела околу 20 до 30 минути по искуството и со тоа влијаело на начинот на кој за време на  тестот, субјектите ги поврзале и запаметиле не-емоционалните настани што следувале по кратко време.

Студијата со другите детали за „Емоционалниот мамурлак“ беше објавена во понеделникот во списанието „Нејчр неуросајнс“ .
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука