X
 05.06.2017 Технологија

„Отпечатоците од мозокот“ би можеле да ги заменат лозинките во иднина

Честопати е заморно да се паметат сите лозинки на интернет, па од тие причини можеби користите иста за повеќе профили што воопшто не е препорачливо.

лозинка


Читачот на отпечатоци од прст се сметаше за шампион кој ги обезбедува сметките со нашите биометриски карактеристики, но поради неколку причини не остана до крај најбезбедна метода.

Науката овој пат ги носи „отпечатоците од мозокот“. Технологијата функционира со идентификување на реакцијата на мозокот на личноста кога читаат одредени зборови, давајќи им на корисниците уникатни потписи на нивните мозочни бранови. Научниците откриле дека секој учесник има различна реакција на мозокот кога читал акроними – доволно уникатна за компјутерскиот систем да го идентификува секој корисник со 94% точност.

Сара Лазло, асистент професор по психологија и лингвистика на Бингамтон Универзитетот и ко-автор на студијата вели дека ова е сигурен и достапен начин да се проверат сметките што не може да биде умножен или украден на истиот начин на кој ретината или отпечатокот од прстот можат да бидат.

Лошата вест е што оваа технологија нема да биде достапна за масивно производство на уреди подолго време. Истата ќе се користи на локации каде што е потребна огромна сигурност и безбедност како Пентагон или лабораториите на Безбедносните сили каде што нема многу корисници.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија