X
 01.01.2020 Живот

Како да го пребродите лошото раскинување?

По сите прекрасни и слатки пораки за добро утро, романтични состаноци, прекрасни фотографии на кои другите беа љубоморни, како и безбројните ноќи заедно, Д-денот на врските конечно дојде.

Денот што ќе го помните засекогаш во животот: раскинувањето. Можеби сте мислеле дека токму оваа врска ќе биде различна од другите и сте мислеле дека ќе трае. Иако раскинувањата никогаш не се лесни, ви нудиме неколку чекори со кои можете да си го олесните.

1. Бидете активни

Чистењето на вашата соба, додека носите ужасни тренирки и се задушувате во сопственото сожалување не е активност. излезете и бидете активни. Сега кога вашиот распоред е слободен, време е да се забавувате повеќе. Зачленете се во некоја организација или откријте некое хоби кое одамна сте го посакувале, меѓутоа, сте немале можност или време да го правите. Вашите опции се безбројни, а со тоа што постојано ќе бидете зафатени, ќе го одвлече вашето внимание од раскинувањето.


2. Исплачете се

Секој што ви рекол дека не е во ред да плачете, згрешил! Немојте да ја потиснувате вашата тага, гнев, осаменост, каење или што и да чувствувате. Дозволете си да се чувствувате тажно и да ја почувствувате болката - зборувајте со ваш пријател или доколку не сакате, тогаш преточете го во зборови, слика или што било што ќе ве направи да се чувствувате попријатно.

3. Излегувања

Ништо не покажува дека сте го заборавиле вашиот поранешен како прославата со вашите пријатели. Не е важно каде ќе излезете, важно е добро да си поминете и воопшто да не ни помислите на тоа дали тој е во близина или дали е излезен или не.

4. Шопинг-терапија

Ова е навистина едноставен чекор и не е потребно објаснување. Девојките сакаат да купуваат и тоа ги прави среќни. Ќе се чувствувате одлично со новиот пар чевли и чизми.

5. Одржување на формата


Жалењето поради вашето момче не е изговор да се запоставите, без разлика на тоа колку сте повредени. Вежбајте редовно и хранете се здраво. Обидете се да не се прејадете, особено кога сте во криза. Исто така, добро би било да избегнувате алкохол некое време. Вашиот дух веќе е повреден од болката; нема потреба тоа да му го правите и на вашето тело.

6. Заменете ги љубовните песни

Љубовните песни не се ништо друго освен потсетник на времињата поминати со вашето момче. Затоа заборавете на „вашата песна“ и ослободете се од сите срцепарателни балади. Заменете ги со музика која го крева вашиот адреналин и ве прави да се чувствувате прекрасно и слободно.

7. Исфрлете сè што ги поттикнува спомените

Секако, прекрасните подароци и мечиња кои ви ги купил се неодоливи. Исто така, неодолива е и фотографијата на која сте на плажа и е повеќе од совршена. Меѓутоа, никогаш нема да продолжите понатаму доколку вашата соба е исполнета со спомени од времето поминато со него. Заменете ја фотографијата со фотографии од вашите пријатели и семејството. Вратете сè што е негово или, пак, ослободете се од тие предмети.

8. Рано е за друго момче


И сами знаете дека првите неколку месеци се болни, па токму поради ова, голем дел од девојките се обидуваат утеха да пронајдат во друго момче. Меѓутоа, таа врска е осудена на пропаст затоа што момчето ќе ви биде неуспешен обид или да го заборавите или да го направите љубоморен.

9. Фокусирајте се на себе


Најважниот чекор по вашето раскинување е да се фокусирате на себе. Сигурно ќе се пронајдете како размислувате на вашето поранешно момче, прашувајќи се дали мисли на вас колку што вие мислите на него. Меѓутоа, обидете се да не поминувате време размислувајќи за тоа. Наместо тој, вие бидете центар на вашето внимание.

10. Не следете го на социјалните мрежи

Со ова нема да постигнете ништо. Може само да биде уште полошо за вас бидејќи ќе дознаете работи што нема да ви се допаднат, а и нема да можете да престанете да мислите на тоа која е таа што му лајкнала фотографија и му напишала на ѕидот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот