За повеќето луѓе, раскинувањето на врската значи гледање телевизија, многу чоколадо и долги телефонски разговори со најблиските пријатели. Но, ако неодамна некој ви го скршил срцето, тогаш овој нов хотел во Норфолк, Велика Британија, може да биде алтернатива.
Хотелот наречен „Хартбрејк хотел“ беше отворен кон крајот на 2021 година и е наменет за жени кои сакаат да закрепнат од неодамнешното раскинување. Во текот на тридневниот престој жените можат ќе имаат мешавина од одмор, релаксација и јога во прекрасна околина. Плус здрава доза на групна терапија.
Хотелот нуди „трансформациска терапија“, а го водат психологот Алис Хадон и Рут Филд. Целта е да им се помогне на жените брзо да се вратат во нормала по раскинувањето на врската.
Фото: Instagram
Секој престој е еквивалент на шестмесечна терапија, со цел да се забрза опоравувањето од скршено срце и трауми.
- Ако сте биле изневерени и не знаете каде да се обратите, ако вашата врска се распаднала, ако патите и сте повредени, ве молам, контактирајте со нас, ние сме тука за да ви помогнеме - пишуваат Алис и Рут на нивната инстаграм-страница.
Фото: Instagram
Без алкохол и технологија
За време на престојот, гостите можат да уживаат во прошетките на некои од најубавите плажи во Норфолк, во одличната храна и пријатните разговори пред каминот.
Но, присутните мора да се откажат од многу работи. Тридневниот престој е замислен и како технолошка детоксикација, така што гостите ги оставаат телефонот и лаптопот на рецепција. На менито има исклучиво безалкохолни коктели.
Фото: Instagram
Тридневниот престој чини 2.664 евра, но сопствениците велат дека станува збор за терапевтска понуда по приближно иста цена како и просечен надоместок за шестмесечна терапија.
Извор:
Euronews.com
Фото:
Instagram