05.01.2020
Живот
Како да ѝ се стави крај на една врска?
Разделувањето со некого можеби изгледа лесно кога врската веќе не е она што го посакувате и партнерот го прифаќа тоа. Но обично не е толку лесно.
Луѓето остануваат во врска од многу погрешни причини. Некои се плашат да не ги повредат чувствата на партнерот, други стравуваат дека ќе ги загубат заедничките пријатели, додека некои гаат надежи дека работите ќе се променат, други не сакаат да се откажат од нешто во што инвестирале време, емоции, финансии, некои пак не сакаат да бидат сами... причините има многу и сите се погрешни.
Доктор Петра Бојнтон советува како да ѝ ставите крај на врската кога веќе не оди:
Некои сметаат дека му е тешко само на тој што е оставен, а оној што остава нема никакви чувства, но не е така, при раскинувањето на една врска страдаат и двете страни, можеби тој што остава и повеќе.
Сепак, во очај треба да се избегнуваат следниве начини на раскинување:
- Исклучување на партнерот од вашиот живот без никакво објаснување.
- Помош од пријатели кои наместо вас ќе му ја кажат одлуката на партнерот.
- Заканување на партнерот со раскинување со цел да го контролирате.
- Испраќање измешани сигнали; велите дека е крај, а се однесувате како ништо да не се променило.
- Незаинтересирано однесување, надевајќи се дека партнерот ќе стави крај.
- Изневерување со цел партнерот да дознае и да ви раскине.
Како да ѝ ставите крај на една врска
Сакајќи да бидеме нежни, лесно е да испратиме нејасни сигнали околу нашата одлука. Иако е тешко, сепак најдобар начин да се раскине една врска е да се биде јасен, но не суров, ниту премногу нежен. Во ниту еден случај не треба да се обвинува партнерот, никој не е виновен, понекогаш чувствата едноставно си одат.
Сепак, бидете подготвени, другата страна можеби ќе сака да ве праша зошто сакате да раскинете. Фер е да дадете одговор, колку е можно појасен. Внимавајте, можеби ќе сака да ве убеди дека грешите. Во ваков момент важно е да се остане мирен, но и постојано да се повторува „не оди веќе“ или „не сакам веќе да бидам во оваа врска“ е важно за јасно и трајно раскинување.
Ако сте несреќни во врската, објаснете како се чувствувате, а не зошто така се чувствувате.
Ова е многу тешка ситуација и партнерот може да ја искористи вашата слабост и грижа на совест, па затоа е добро ако разговарате околу ова со пријателите, ситуацијата потоа ќе ви биде појасна.
Понекогаш наместо партнерот да изреагира бурно, да биде навреден и бесен, може едноставно да се согласи со вас и да ви каже дека сега чувствува олеснување, тоа може да ве остави со измешани чувства.
Важно е да знаете дека штом еднаш сте донеле одлука да ставите крај, сигурно чувствата во вас се променети.
Иако раскинувањето на една врска не е лесно, можете да го искористите периодот по раскинувањето за да се фокусирате на своите лични работи и на она што го сакате од една идна врска.