X
 06.06.2018 Наука

Објавено најголемото истражување за глобалните стапки на рак во светот

Универзитетот во Вашингтон го спровел најголемото истражување за глобалните стапки на рак во светот. Во истражувањето, научниците откриваат кои земји во светот имаат најниски и највисоки стапки на рак и каде ракот е највисока причина за смрт годишно.

Истражувањето опфати 195 земји, а научниците создадоа 10 табели на најдобрите и најлошите земји, во однос на најчестите видови рак.

Најчести видови се рак на белите дробови, дебелото црево и градите

Австралија има најмногу нови случаи на рак, врз основа на податоците од 2016 година, а најмногу луѓе умираат во Монголија. Сирија, од сите светски земји, има најмал број на нови случаи на рак и најмал број на починати.

rak
Фото: Getty Images


Во сите земји во светот, најчесто се јавува рак на белите дробови, дебелото црево и дојката, а најсмртоносен е ракот на белите дробови, дебелото црево и желудникот. Експертите велат дека најчесто ракот е предизвикан од начинот на живот - воглавно највиновни се цигарите, нездравата храна, додека методите на превенција се покажале навистина ефикасни.

Во десет години 28 отсто повеќе рак


Во текот на 2016 година во светот имало 28 отсто повеќе случаи со рак отколку во 2006 година.

Истражувањето покажува дека стапките на смртност во повеќето земји се во опаѓање, но бројот на нови случаи се зголемува. Ракот на дојката е најчеста причина за смрт кај жените, а ракот на белите дробови најмногу ги погодува мажите и генерално е најчестата причина за смрт.

Најголем број нови случаи на 100.000 жители:

1. Австралија
2. Нов Зеланд
3. Америка
4. Холандија
5. Луксембург
6. Исланд
7. Норвешка
8. Велика Британија
9. Ирска
10. Данска

Најмал број нови случаи на 100.000 жители:

1. Сирија
2. Бутан
3. Алжир
4. Непал
5. Оман
6. Малдиви
7. Шри Ланка
8. Нигер
9. Тимор Лесте
10. Индија

Најголем број на смртни случаи од рак на 100.000 жители:

1. Монголија
2. Зимбабве
3. Доминика
4. Унгарија
5. Гренада
6. Уругвај
7. Тонга
8. Северна Кореја
9. Свети Винсент и Гренадини
10. Хрватска

Најмал број на смртни случаи од рак на 100.000 жители во 2016 година

1. Сирија
2. Алжир
3. Оман
4. Малдиви
5. Шри Ланка
6. Бутан
7. Узбекистан
8. Никарагва
9. Мароко
10. Катар

Лекарката Кристина Фицмаурис од Универзитетот Вашингтон вели дека докторите се доста загрижени за зголемувањето на ракот на белите дробови, колеоректалниот рак и ракот на кожата и истакнува дека во сите случаи особено е важна превенцијата.

Земјите биле анализирани со користење на детален социодемографски индекс СДИ со кој се мери развиеноста на земјата. Земјите со висок СДИ имаат високи приходи и висока стапка на образование, ниска стапка на фертилитет, додека земјите со низок СДИ имаат ниски приходи, послабо образование и висок фертилитет.

Луѓето најчесто заболуваат од карцином во земјите со повисок СДИ, што значи во развиените земји, но стапките растат побрзо во земјите со среден СДИ, значи оние кои не се ниту богати ниту сиромашни. Една од 10 жени во најразвиените земји може да очекува рак на дојка, во помалку развиените земји една на 50 жени.

Д-р Фицмаурис додава дека е исклучително важно да се обезбеди универзален пристап до здравствена заштита, бидејќи раното откривање а болеста е доста важно. Пристапот до напредните дијагностички технологии генерално е достапен во земји каде што СДИ е низок, и ова е исклучително критичен чекор во постигнувањето на општата здравствена еднаквост.

Македонија не беше вклучена во истражувањето, а повеќе детали за истото можете да пронајдете ТУКА.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука