X
 27.02.2017 Живот

Знаци дека сте се развиле како личност

Постои впечатлива разлика помеѓу развиените и свесните луѓе и неразвиените, несвесни луѓе. Еволуирање е процес кој почнува со свесно будење. По будењето повеќе не можете да бидете личноста која некогаш сте биле. Кога ќе нурнете подлабоко во својот личен раст ќе согледате докази дека сте се развиле и промениле. Ова се 20 знаци дека сте се развиле како личност:

1. Основа: Вие знаете кои сте

Според психолошката теорија на идентитетот, постојат четири фази на развојот на идентитет. Слепо го прифаќате кој било вид на идеологија или состав на вредности на кој ве подучиле членовите на семејството.

Во втората фаза започнувате со проширување на друштвениот круг, но пасивно го следите друштвото без испитување. Ви недостасува автентичност и се обидувате да се вклопите и да им угодите на другите. Во третата фаза почнувате да доживувате криза на идентитетот. Сфаќате дека сте се залажувале и слепо сте следеле целиот живот. Мпжете да почнете да се сомневате во своите избори и вредности. Тоа доведува до тоа што ќе почнете да истражувате нови животни стилови, системи на верувања, избори, пријатели и култури. Но, во оваа фаза малку е и преданост и длабочина. Наместо тоа, потрагата по следната фаза е следна. Многумина се во трајна криза на идентитетот.

2. Знаете што сакате

Како развиена личност посветени сте на одреден животен пат. Знаете што сакате во животот. Имате насока. Можете да ја дизајнирате својата иделана судбина и доследно да се движите кон неа бидејќи сте предадени на истата.

3. Чувствувате дека сте таму каде што треба да бидете

Како развиена личност чувствувате поголема смисла на животот, како да имате водство. На вистинското место сте и на вистинскиот пат. Тоа е духовна потврда. Во согласност сте со своите желби и го живеете животот за кој сте создадени.

4. Верувате дека имате контрола над исходот во својот живот

Ја имате внатрешната контрола. Самите го контролирате животот. Верувате дека сте вие одговорни и според тоа ја имате моќта за да создадете што сакате во иднина.

5. Вашиот живот е поставен според сопствените услови

Отпорни сте на мислењата на другите. Секој момент од животот го спорведувате онака како што сакат. Го работите она што го сакате. Поминувате време со луѓето што ги сакате. Заработувате колку што сакате. Вие го контролирате вашиот распоред.

6. Вашиот живот е поедноставен

Не брзате. Присутни сте. Сте го отстраниле она што ве одвратува од смислата на животот. Имате цел.

7. Вашите цлеи се оствауваат откако сте ги поставиле

Сте научиле како бргу да ги создадете резултатите што ги сакате.

8. Ги привлекувате вистинските луѓе во вашиот живот

Се движите кон големата визија и се чини дека потребните врски и ментори се појавуваат баш тогаш кога ви се потребни.

9. Очекувате среќата често да се случува

Очекувате чудата често да се случуваат. Тоа е вашата природна состојба на умот. Се појавуваат ретки можности. Ако очекувате, вие верувате, а тоа и ќе ви се оствари.

10. Одвојувате време за медитација

Наоѓате начин да бидете сами. Тоа го прават сите креативни умови. Одвојуваат време за медитирање, молитва и анализа. Така доаѓаат до инспирација и откритија.

11. Внимателни сте со своето време

Сфаќате дека извонредните прилики доаѓаат секој ден. Посветувате време само на работите кои ви се навистина важни.

12. Секојдневно работите на тоа да креирате иднина каква што сакате

Вие сте личност која дејствува. Ја градите иднината во која сакате да живеете.

13. Чувствувате расчекор помеѓу себе и оние со кои некогаш сте се дружеле

Секоја еволуирана личност морала да се раздели со луѓето кои ја спречувале во својата еволуција.

14. Постојано барате промена

Сакате трансформација. Сакате да создавате нови навики. Се впуштате во нови работи, бидејќи сакате раст и развој.

15. Пронаоѓате задоволство во преземање ризици


Сакате да пробате нешто што повеќемината не го пробале. Не се плашите од нови работи.

16. Ја забележувате скриената вистина

Ја согледувате суптилната вистина и поврзаност во се, додека гледате филмови, додека разговарате. Животот е вашиот учител. Длабоко сте поврзани и чувствителни и на најмалите врски и поуки.

17. Свесни сте за храната што ја јадете


Свесни сте дека храната влијае на умот, емоциите, духор, односите и сето останато.

18. Се грижите за другите луѓе – но, помалку за она што го мислат за вас

Се грижите за благодетите на другите, но не и за она што другите го мислат за вас. Туѓите перцепции не управуваат со вас.

19. Не се споредувате со другите

Свесни сте дека имате уникатен идентитет и своја единствена мисија во животот.

20. Искрено им посакувате најдобро на другите

Среќни сте кога другите успеваат а тажни кога не успеваат. Навистина го сакате најдоброто за другите, дури и на непријателите. Имате само љубов за секоја личност на земјата. Нема омраза, завист или измама.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот