X
 01.02.2020 Образование

Зошто упорно паѓате на испитите?

Испитите претставуваат голем дел од студирањето. Колоквиумите, тестовите и конечните испити ќе одлучат дали ќе го положите предметот или не. Кои се најчестите грешки што доведуваат до паѓање на испит? 

Предетална анализа на материјалот 

Кога се приближува датумот за полагање, вие сте онаа личност што постојано зборува за материјалот? Постојано наоѓате нови значења во дефинициите? Но, во моментите пред испитот не успевате да се сетите на најопштите и најлесните информации, зарем не? Предеталната анализа на материјалот може да биде причина што упорно паѓате на испитот. Фокусирајте се на најбитните делови и прашајте ги колегите или професорот за делови што се особено битни. 

Слаба самодоверба 

„Штом ги замените негативните мисли со позитивни, ќе почнете да гледате позитивни резултати“, Вили Нилсон. 

Негативното размислување е совршен пат до неуспехот. Доколку мислите дека ќе паднете на испитот пред да стапнете во просторијата, негативноста ќе остане со вас при секое прашање од испитот. 

Преголема самодоверба 

Верувале или не, постои нешто како „преголема самодоверба“. Тоа може да доведе до слаба подготовка. Доколку имате преголема самодоверба во врска со некој испит, може да дојдете неподготвени или да го решите тестот пребргу бидејќи мислите дека ги знаете сите одговори. 

Неразбрани инструкции

„Што од следниве е пример на...“ „Што од следниве не е пример на...“ Ваквите прашања ги водат луѓето до погрешниот одговор почесто отколку што мислите. Вие можеби го знаете одговорот, но тремата и брзањето го „скриле“ клучниот збор и погрешно сте го разбрале прашањето. Бидете внимателни на следниот испит.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование