Облеката зборува доста за нас, пренесувајќи пораки за богатството, вкусот и личните верувања. Во оваа ера на сепристуни екрани и социјално споделување, не е изненадување тоа што текстилот стана уште една платформа за електронска комуникација.
Сепак, досега, цените и ограничувањата на материјалот го ограничуваа концептот за облеката, меѓутоа Никол Шерцингер со нејзиниот Твитер фустан, отвори нови напори за комерцијализирање на технологијата, создавајќи мода која проектира електронски текст и слики.
„CuteCircuit“ е компанијата која го создаде фустанот на Шерцингер и моментално се лидери на ова поле. Основана во 2004 година од дизајнерите Франческа Росела и Рајан Генз, компанијата неодамна ја создаде „InfiniTshirt“, програмирана маица која има 1.024 пискели екран во боја.
„Ја дизајниравме маицата да биде вистинско интерактивно искуство“, вели Розела за облеката. Маицата исто така може да емитува видео на 25 фрејмови во секунда, такашто изгледа доста спектакуларно“, вели таа.
Оние кои ќе ја носат маицата можат да ги контролираат визуелни слики на маицата, зборовите и твитовите преку bluetooth со апликацијата на Cute Circuit.
Цената на маицата е 850 фунти - не е многу евтина, но сепак е една третина од цената на другата интерактивна мода на „CuteCircuit“.
„Наскоро сите алишта ќе бидат интерактивни“, вели Алисон Луис, извршен директор на „SwitchEmbassy“, компанија која го создаде интерактивниот текстил „Infinite Canvas“.
Оваа изјава го поттикнува прашањето: Дали луѓето навистина сакаат да купуваат и да носат дигитална облека? Веројатно не сите. Како што вели Розела, поголемата поента е дека технологијата може да воведе нова форма на одржлива мода.