X
 01.03.2022 Наука

Космолог ги открива најглупавите нешта за вселената во кои веруваат луѓето

Интернетот е преполн со неточни информации, луди теории на заговор и необични „факти“ кои се измислени - дури и кога станува збор за вселената.

Во едно интервју, космологот Кејти Мак изнесе некои од најчудните и најглупави лажни верувања за вселената на кои наишла.

На многу начини, тоа е доказ дека луѓето веруваат во речиси сѐ што ќе слушнат. Но, интервјуто посочува на многу поголем проблем: убедувањето на луѓето дека нивните верувања се неточни е неверојатно тешко.

- Има едно нешто што го среќавам цело време, а тоа е идејата дека има некаква голема празнина во вселената и има фотографија од неа и тоа е некаква дамка на вселената. Но, тоа не е празнина, тоа е молекуларен облак - вели Мак.

Станува и поексцентрично.

- Имаше неколку тврдења дека на одреден датум Марс ќе се појави на небото во иста големина како Месечината. Неодамна имаше и едно тврдење дека ќе има порамнување на планетите кое ќе ја смени гравитацијата на Земјата и накратко ќе нѐ направи полесни - вели космологот.

Нема потреба да се каже дека сето тоа е бесмислено. Но, тие тврдења посочуваат кон многу поголем проблем: недоверба во науката посеана од неинформирани или погрешно информирани лица кои често се групираат како теоретичари на заговори.

- Тоа е едно од нештата што се навистина опасни кога станува збор за слепо прифаќање на тоа дека некои луѓе едноставно не веруваат во гравитацијата. Ако доволно се внесете во таа лага, мора да стасате до точка кога верувате во вистинска теорија на заговор - вели Мак.

Луѓето едноставно не прават дополнителни чекори за проценување на слика или видео што ги споделуваат на социјалните мрежи, без разлика дали станува збор за недостиг од вештини за пребарување или едноставно негрижа, смета истражувачката.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Unsplash
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука