X
 28.03.2016 Култура

Аеродромот кој предизвика илјадници теории на заговор

Аеродром со форма на кукаст крст и морничави ѕидни фрески се смета за еден од најморничавите на планетата.

 

1


Брзо време после неговото отворање, Меѓународниот аеродром во Денвер се најде во центарот на теориите на заговор, а овие теории се`уште траат.

До ден денес пилотите и патниците се прашуваат зошто аеродромот има форма на кукаст крст? Некои тврдат дека тоа е знак на тајна. Со тоа, „ковачите“ на теории на заговор го свртија вниманието кон бизарните уметнички внатрешни и надворешни ѕидови на аеродромот.

Најпечатлива скулптура е синиот Мустанг, создаден од уметникот Луис Хименез. 

 

2


Меѓутоа колекцијата на бизарните ѕидни фрески (кои денес се отстранети) предизвикаа огромен интерес. Една од овие фрески вклучуваше и човек облечен во стилот на нацизмот со огромен нож и пушка. Со имиња како „Во мир и хармонија со природата“ и „ецата на светскиот сон за мир“, тие ја претставуваат победата на мирот над војната.

Но, која е вистинската цел на Меѓународниот аеродром во Денвер, ако не е да ги донесе и однесе патниците надвор и во Колорадо?


Некои теоретичари на заговор тврдат дека тоа е всушност огромна воена база, дури и голем концентрационен логор, кој чека да се искористи после поробувањето на американскиот народ.

Исто така, постојат гласини за голем подземен објект, кој може да се поврзе со други длабоки подземни воени бункери низ целата земја.

Според веб страната „VigilanteCitizen.com“, оваа гигантска скулптура на крајот ќе стане многу повеќе од обичен комерцијален аеродром.

 

3


„Има капацитет да се справи со огромен број на луѓе и возила, што ги наведува набљудувачите да мислат дека структурата може да се користи како воена база, а други пак додаваат дека може да се користи како цивилен концентрационен логор во блиска иднина“, вели страната.

„Именувајте некоја теорија на заговор и на некој начин ние сме поврзани со неа“, изјавил во 2012 година Мет Часански, менаџер на програмата за уметност.

„Најчестата теорија вели дека постои подземен град и дека е дел од мрежата на подземни градови кои владата или Масоните ги градат“, додава тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура