Пандемијата и работата од дома го зголемија бројот на работни часови за некои луѓе. Анализа спроведена на корисниците на платформата за развивање софтверски код „Гитхаб“ покажува дека корисниците работеле просечно 15 отсто повеќе на почетокот на пандемијата.
Истражувачите Грент Р. Мекдермот и Бенџамин Хансен ги анализирале работните часови на 15 милиони корисници на „Гитхаб“. Тие ги споделиле работните часови во 2020 и во периодот од 2015 до 2019, пред пандемијата.
Во годините пред пандемијата корисниците работеле околу 20 отсто од сите работни часови за време на викендите, но на почетокот на пандемијата овој процент се зголемил за над 24 отсто, односно за околу 2 работни часа. Подоцна во 2020 година работата за викенд се вратила на нивото пред пандемијата, иако работните часови рано наутро и доцна навечер останале повисоки на многу места.
Освен тоа, на почетокот на пандемијата корисниците на „Гитхаб“ работеле 15-20 отсто повеќе работни часови или околу 8 часа повеќе на неделно ниво. Во некои земји како Индија порастот е уште повисок - за 30 или 40 отсто. Меѓутоа, и овој тренд не траел долго и се вратил на нивото пред пандемијата во повеќето земји до јули 2020.
Извор:
World economic forum
Насловна фотографија: Freepik