X
 24.03.2018 Живот

Јужна Кореја воведува драстични мерки против зависниците од работа

кореја
Фото: Pixabay

Јужна Кореја мора да примени драстични мерки за да ја спречи културата на зависници од работа што целосно ја обзеде земјата. Затоа, властите на Сеул најавија нова иницијатива за исклучување на компјутерите во петок во 20.00 часот за да ги присили вработените навреме да го напуштат работното место.

Оваа држава е една од земјите во светот со најдолги работни часа. Владините службеници просечно, на годишно ниво работат 2.739 часа. Властите на Сеул соопштија дека иницијативата ќе трае три месеци, а започнува од 30 март.

Планот има три фази. Во првата фаза, компјутерите ќе се гасат во 20.00 часот, потоа во 19.30, и на крајот во 19.00 часот. Наведено е даке 67.1 отсто од владините службеници би можеле да бидат исклучок од најавените рестрикции.

Претходно овој месец, владата донесе закон со кој бројот на максимални работни часа беше намален од 68 на 52.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот