Во 2000 година две групи истражувачи создале груб нацрт на човечкиот геном. Оттогаш оваа мапа се проширила, а сега истражувачи од Институтот „Биг дејта“ при Универзитетот во Оксфорд успеале да поврзат над 3.600 поединечни низи на ДНК од 215 популации во едно огромно семејно дрво. Гранките во дрвото се состојат од дури 231 милион лози на предци.
Коренот на стеблото претставува осум древни и многу детални секвенции на човечкиот геном со илјадници мали исечоци. Меѓу нив се три геноми на неандерталци, геном на денисовец и мало семејство кое живеело во Сибир пред повеќе од 4.000 години.
- Во суштина ги реконструираме геномите на нашите предци и ги користиме за формирање низа поврзани еволуциски стебла кои ги нарекуваме низа од дрвја. Така може да процениме кога и каде тие предци живееле - изјавил генетичарот Ентони Вајлдр Вонс.
Истражувачите користеле огромен број бази на податоци за да најдат врска помеѓу различните гранки.
Извор:
Bug