X
 24.06.2016 Наука

Стотици гени функционираат со денови после смртта

Кога срцето и мозокот на еден човек престануваат да работат, како и респираторниот и циркулаторниот систем, време е да се прогласи смрт. Во телото повеќе нема живот. Или има?


Две истражувања објавени оваа недела дискутираат за докази дека одредени делови од телото работат денови откако остатокот од телото не функционира. Ова може да го промени начинот на кој размислуваме за трансплатација на органи и време на смрт.

Еден тим од Универзитетот во Вашингтон ја истражувале активноста на гените во починати риби и глувци. Тие биле поттикнати од едно претходно истражување во кое се покажува дека повеќе гени во лешот биле активни повеќе од 12 часа по смртта. Истражувачите откриле над 1.000 гени кои се' уште функционирале со денови по смртта.

Овие гени не изумирале поспоро од останатите делови од телото, туку ја зголемувале својата активност. Кај глувците функционирале 515 гени 24 часа по смртта. Кај еден вид риба, 548 гени функционирале цели четири дена по смртта.

Она што е интересно е дека овие гени не се само некои непознати гени, туку оние гени кои се активираат во итни случаи, како при воспаленија, стрес итн. Сепак, биле откриени и гени кои поттикнуваат раст на ракот и други гени.

Овие гени веројатно никогаш нема да бидат доволно моќни за да оживеат мртво животно или човек, но разбирањето на нивната работа и функција би можело да има огромно влијание на пациентите кои живеат со трансплантирани органи.

Истражувањата биле објавени на интернет-страница овде и овде, но треба да се посочи дека тие се' уште не биле прегледани и оценети од експерти.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука