X
 01.04.2017 Живот

Генијот е 1% инспирација и 99% труд

Не мора да бидете гениј за да имате брилијантна идеа или да за бидете успешни, но постојат неколку трикови што може да Ви ја променат играта. Или барем така вели Јарл Мон, извршен директор на компанијата “NPR” и инвеститор во дигиталниот медиумски простор и стравствен колекционер на уметнички дела.


Фото: Pixabay

Тој верува дека Томас Едисон бил во право и дека генијот е 1% инспирација и 99% труд. Секој со доволно внимание посветено на работата и упорност може да покаже знаци на гениј и дури да го доведе до перфекција она што го прави. Многу е важно понекогаш да се промени играта, да се експериментира, да се прават различни работи. Во тие ретки моменти може да се случи нешто многу магично што ги надминува очекувањата и тоа треба да се искористи.

Особено го импресионира кога неговите партнери и вработени покажуваат страст и возбуда за она што го планираат. Од друга страна, ако за нешто не се размислувало длабински тоа не влева доверба затоа што повеќето проекти никогаш не оди сѐ според планот.

Многу луѓе, според Мон се инспирирани од финансиите што ги добиваат или од признанието што го добиваат од колегите. Тој секое утро е инспириран од помислата дека може да научи нешто ново и се радува на можноста да работи со луѓе што ги почитува.

Да се биде гениј е голема работа, но да се направи нешто генијално потребен е труд и неколку мали детали кои ги посочува токму Мон.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот