X
 19.04.2020 Култура

Џ. К. Роулинг тајно ја купила куќата што била инспирација за делови од „Хари Потер“

Писателката Џ. К. Роулинг „тајно“ ја купила куќата во која поминала дел од нејзиното детство, а за која се смета дека претставувала инспирација за многу делови од книгите за Хари Потер.

Би-би-си пренесува дека авторката во моментов ја реновира куќата во која живеела на возраст од 9 до 18 години. Таа ја купила за приближно 400.000 фунти во 2011 година. Сопругот на Роулинг, Нил Мареј, е директор на компанијата која го поседува имотот.



Фото: Pixabay

Кога куќата била на продажба, многу медиуми ја опишувале како инспирација за делови од „Хогвартс“, училиштето во кое оди Хари Потер. Под скалите има просторија која потсетува на собата на Хари Потер. Дури и селото во кое се наоѓа колибата, Татшил, се наоѓа во книгите на Роулинг како име на спортски тим.


Фото: Pixabay

Поранешниот сопственик на куќата има изјавено дека обожавателите на книгите верувале дека таа била „домот на Хари Потер“. Во една од собите на ѕидот може да се најде пораката: „Џоен Роулинг спиеше овде во периодот околу 1982“.

Автор: Џејком Столворти
Извор: independent.co.uk
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура