Министерството за образование и наука објави конкурс за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2022/2023 година.
Учениците што се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот
e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.
Учениците може да конкурираат за прием во дом со наведување на името на ученичкиот дом и како алтернатива на друг ученички дом со наведување на називот на домот доколку во првоизбраниот дом бидат пополнети сите места.
Ако учениците електронски се пријавиле повеќе пати, за валидна ќе се смета последната пријава.
Рокот за електронското пријавување на учениците што се запишани во II, III, IV година почнува од 24.6.2022 година и трае до 1.7.2022 година, а рокот за електронското пријавување на учениците кои се запишани во прва година почнува од 1.7.2022 година и трае до 8.7.2022 година.
Учениците што ќе достават хартиена пријава директно до ученичкиот дом, комплетната документација ја доставуваат од 4.7.2022 година до 15.7.2022 година, во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување.
ТУКА можете да го прочитате целиот конкурс и да ги преземете потребните документи.