Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал филмот „Одмаздници“ на „Марвел“ ако бил снимен во 90-тите години, вештачката интелигенција го има одговорот на тоа прашање.
Еден редит-корисник ја искористил алатката „Мидџрни“ за да ги замисли „Одмаздници“ како херои од 90-тите, а резултатот е прилично импресивен. Така, Том Круз го глуми Ајронмен, Бред Пит - Тор, а Мила Јовович - Црната Вдовица. За оние што не знаат, овие улоги денес ги толкуваат Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт и Скарлет Јохансон.
Во филмот од 90-тите би глумеле и Мајкл Џ.Фокс, Арнолд Шварценегер, Џад Лоу, Вил Смит, Брендон Фрајзер, Брус Вилис и Џим Кери.
Avengers in the 90s
by u/phate2000 in midjourney
Извор:
b92.net
Фото:
Reddit