Истражувачите од Соединетите Американски Држави и Кина откриле чудна врска помеѓу загадениот воздух и стапката на самоубиства, што нè поттикнува да размислиме како му пристапуваме на ова прашање. Напорите на Кина да го намали загадувањето на воздухот спречија 46.000 самоубиства во земјата за само пет години, проценуваат истражувачите. Тимот ги искористил временските услови за да ги раздвои збунувачките фактори кои влијаат врз загадувањето и стапката на самоубиства, при што дошле до податоци според кои веруваат дека навистина се работи за причинско-последична врска.
Резултатите од студијата откриваат дека квалитетот на воздухот има клучно влијае врз менталното здравје.
Загадувањето на воздухот често е претставено како физички здравствен проблем кој води до спектар на акутни и хронични болести, како што се астма, кардиоваскуларни болести и рак на белите дробови. Но, Тама Карлтон, доцент на Брен школата за наука и управување со животната средина при Универзитетот „Санта Барбара“, вели дека овие фактори на животната средина можат да влијаат и врз менталното здравје. Таа претходно го проучувала ефектот на температурата врз стапката на самоубиства во Индија откривајќи дека прекумерната топлина ја зголемува таа стапка.
Забележала дека стапката во Кина опаѓа многу побрзо отколку во остатокот од светот. Во 2000 година стапката на самоубиства по глава на жител во земјата била повисока од глобалниот просек - две децении подоцна паднала под тој просек. Во исто време – и нивото на загаденоста на воздухот опаднала.
- Многу е јасно дека војната против загадувањето во последните седум-осум години доведе до невиден пад на загадувањето со стапка што навистина не сме ја виделе никаде на друго место. Можеби двата феномени се поврзани - вели Карлтон.
Тимот од истражувачи ги споредил бројките на самоубиства во 600 окрузи и открил дека стапката на самоубиства значително се зголемува кога загадувањето на воздухот се зголемува. Ефектот бил особено силен за постарите луѓе, при што постарите жени биле 2,5 пати поранливи од другите групи.
Претходните истражувања покажуваат дека повеќето женски самоубиства во Кина се предизвикани од акутни кризи. Значи, ако загадувањето има акутно влијание врз менталното здравје, тоа би можело несразмерно да влијае врз постарите жени.
Се разбира, загадувањето не е единствениот фактор што може да предизвика човек да му стави крај на својот живот. Агресивната, успешна политика на Кина постигна драматични резултати за краток временски период, служејќи како потенцијален модел за другите земји кои се борат со загадувањето и помагајќи да се преформулира дискусијата за самоубиството во современиот свет.
Извор: Okvir.net
Фото: Freepik