X
 01.04.2024 Технологија

Вирусот на кратки видеа го зафати и „Линкдин“

„Линкдин“ им се придружува на голем број други популарни апликации кои почнаа да користат вертикални видеа во кратки форми, по порастот на популарноста на „Тик-ток“.

Функцијата сè уште не е јавно објавена, но „Линкдин“ ја потврди за „Тек кранч“, а дизајнерката на производи во „Линкдин“, Џени Ајшингдрело, објавила скриншот од апликацијата.


Новината, сместена во лентата за навигација на апликацијата, во новата опција „Видео“, ви овозможува да го допрете новото копче „Видео“ за да влезете во дел за кратки вертикални видеа, кои можете да ги разгледувате. Можете да го лајкувате видеото, да оставите коментар или да го споделите со други. Компанијата не споделила детали за тоа како ќе се одредува кои видеа ќе ги прикажува на корисниците.

Иако отсекогаш сте биле во можност да објавувате видеа на „Линкдин“, новата активност е дизајнирана да ги зголеми ангажманот и откривањето на платформата, преку прикажување кратки видеа кои луѓето можат брзо да ги „прелистуваат“, а се покажува како исклучително популарна, особено кај помладите корисници.

Ова може да им даде на креаторите на содржини ново место за споделување видеосодржини и потенцијален пристап до повеќе гледачи.

Сè уште не е познато кога новата функција би можела да биде достапна за сите корисници.

Извор: vidi.hr

Фото: Jenny Eishingdrelo screenshot/Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија