Студентка од Кина стана национален симбол за напорна работа преку ноќ благодарение на едно видео. Во видеото се гледа дека студентката закачува флуоресцентна ламба во косата додека учи.
Според кинеските медиуми, видеото било објавено на 12 ноември од страна на универзитет во провинцијата Хебеи. Студентката била снимена од колеги кои учеле заедно со неа доцна во ноќта, кога биле исклучени светлата во читалницата. Студентката ја позајмила ламбата од пријател и ја закачила на косата за да може да чита.
Таа се подготвувала за тест за квалификација на магистерски студии во Кина, според локалните медиуми. Тестот ќе го полагаат околу 3,77 милиони луѓе кои ќе бидат тестирани за нивното познавање на странски јазици, политика, математика и општо знаење. Тој се одржува во средината на декември.
Видеото било гледано милиони пати од неговото објавување.
Извор:
Insider