X
 01.05.2023 Наука

Јадрото на Марс е целосно течно, открија научниците

Научниците сметаат дека знаат што се крие во срцето на Марс по анализирањето податоци собрани од мисија на американската вселенска агенција НАСА до планетата.

Истражувачи од Универзитетот во Мериленд открија дека јадрото на Марс се состои од течна легура на железо која е богата со сулфур и кислород.

- Во 1906 година научниците првпат го открија јадрото на Земјата набљудувајќи го движењето на сеизмичките бранови од земјотреси низ него. По повеќе од 100 години го применуваме ова знаење за сеизмичките бранови на Марс - изјави Ведран Лекиќ, професор по геологија на универзитетот и еден од авторите на истражувањето во кое се објаснува откритието.

Лекиќ и неговите колеги ги набљудувале брановите предизвикани од сеизмички настани на Марс и успеале да направат процена на густината на материјалот во јадрото.

- Марс најверојатно има целосно течно јадро, за разлика од Земјата, која има течен надворешен слој и цврст внатрешен слој на јадрото - се вели во истражувањето.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука