X
 26.01.2019 Наука

Aстрономите создале неверојатна фотографија што дава најдобар увид длабоко во вселената

Пред неколку години вселенскиот телескоп „Хабл“ создаде нешто неверојатно: во текот на 841 орбити и стотици експозиции, успеа да направи фотографија од мал простор во вселената во соѕвездието Форнакс.

Станува збор за „Хабл ултрадлабоко поле 2014“ наречен и HUDF и е еден од најневеројатните мозаици што телескопот ги произвел.

Сега, тим од астрономи направи уште подобра фотографија. Во период од три години научниците од Институтот за астрофизика „Де Канариас“ развиле и примениле обработка на слика дизајнирана да извлече невидена светлина во HUDF. Оваа комплексна техника ја нарекле ABYSS и со неа успеале да ја обноват слабата светлина од надворешните рабови на најголемите галаксии на сликата.

- Се вративме во архивата на оригиналните слики, директно набљудувани од „Хабл“, и го подобривме процесот на комбинација за да добиеме најдобар квалитет на сликата не само за пооддалечените помали галаксии туку и за проширените региони на најголемите галаксии.

Досега резултатите откриле дека некои од овие галаксии се многу поголеми отколку што се мислело, со дијаметар до двапати поголем од претходните процени.

вселена
Фото: The ABYSS HST Ultra Deep Imaging Project

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука