X
 08.05.2015 Живот

Матурантка избркана поради непристојна облека

18 годишната Миреја Брисено од Мичиген била исфрлена од матурската забава бидејќи била невкусно облечена, и наводно, против правилата.

 

слика


За жал, навикнати сме да гледаме девојки разголени и невкусно облечени, меѓутоа фустанот на Миреја не е ни приближно таков.

Кога отишла на матурската забава, таа немала никаков проблем и се забавувала со соучениците и професорите. Но, во текот на вечерта и` пријде заменик директорот и ја замолил да стане и да се сврти. Кога Миреја покажала дека има фустан со отворен грб, што било дозволено, таа била замолена да го напушти местото, што предизвикало револт кај нејзините соученици. 

 

Училиштето се`уште нема излезено со официјална изјава, меѓутоа мајката на Миреја претпоставува дека вработените од училиштето сметаат дека фустанот откривал премногу, иако во самиот код за облекување доставен до учениците пишува дека фустаните со гол грб се прифатливи.

 

слика

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот