Јужна Кореја планира да слета на Марс до 2045 година, а за тоа ќе потроши околу 67 милијарди евра, објави претседателот Јун Сук Јеол по повод лансирањето на првата вселенска агенција.
Агенцијата КАСА ќе ја води „вселенската економија“ на земјата, а стотици компании ќе работат на „катапултирање“ на Јужна Кореја меѓу светските лидери во вселенските патувања, тврди Јун.
- КАСА ќе доведе до нова вселенска ера со ангажирање експерти, поддршка на системот на вселенската индустрија и поттикнување предизвикувачки и иновативни истражувања и развој – изјави тој.
Сеул сака првото слетување на Месечината да биде во 2032 година. Јужна Кореја стана седмата земја во светот што поседува технологија за лансирање ракети и сателити. Минатата година ја лансира ракетата „Нури“, која носеше комерцијален сателит во вселената.
Јужна Кореја планира уште најмалку три лансирања до 2027 година и сака да лансира и воени сателити. Најавата на Јун е показател за зголемените напори за вселенски програми од практични причини, како што се усовршување на ракетната технологија или зајакнување на националната гордост.
Извор: tportal.hr
Фото: Freepik