Знаеме дека малку сон му штети на нашиот организам на многу начини, па се трудиме да не спиеме премногу малку, но се чини дека ни премногу сон го нема очекуваниот ефект...
Прекраткото или предолгото спиење е поврзано со побрзо стареење на органите, а оптималното траење на сонот е меѓу 6,4 и 7,8 часа во една ноќ, покажува истражувањето на научници од Универзитетот на Колумбија. Премногу малку сон општо се смета за нездраво - повеќе студии покажуваат дека тогаш телото е поподложно на болести и предвремено стареење, а умот - посклон кон когнитивен пад порано во животот.
Истовремено, премногу сон го нема спротивниот ефект, наведуваат лекарите од Медицинскиот центар „Ирвинг“ при Универзитетот на Колумбија.
- Премногу краткото и предолгото спиење се поврзани со побрзо стареење на речиси секој орган, што ја поткрепува идејата дека сонот е важен за одржување на здравјето на органите, вклучувајќи ги и метаболичката рамнотежа и здравиот имунолошки систем - изјави Џунхао Вен, доцент по радиологија на Колумбија.
Во студијата објавена во списанието „Нејчр“ тимот ги процени податоците за половина милион луѓе во Велика Британија, откривајќи и можна врска со веројатноста дека луѓето што нередовно спијат ќе развијат депресија.
- Најмалку стареење е забележано кај луѓето што пријавиле меѓу 6,4 и 7,8 часа сон дневно, што сугерира дека и недоволниот и прекумерниот сон можат да бидат показатели за полошо општо здравје - се додава во истражувањето.
Сè што е помалку од шест часа се смета за краток сон, додека повеќе од осум часа е премногу.
Фото: freepik