Некои луѓе сакаат да се будат рано наутро бидејќи уживаат во мирот и тишината додека сите спијат, додека други се будат за да работат или да вежбаат. Без разлика која е причината, луѓето што се будат рано наутро треба да знаат дека оваа навика е одлична за здравјето на мозокот.
Истражување од мрежата ЏАМА открило дека легнувањето и станувањето порано само еден час го намалува ризикот за депресија за 23 отсто. Генетиката игра улога во навиките за спиење, но експертите велат дека може да го промениме животниот стил за да го подобриме спиењето.
Пораното легнување и станување ја зголемува изложеноста на светлина во текот на денот, што влијае врз здравјето на мозокот. Пократките и потемни денови го зголемуваат ризикот за депресија и прават да чувствуваме дека имаме помалку енергија, па затоа станувањето порано може да го спречи ова, велат експертите.
Фото: Pixabay
Дополнителна поволност од раното будење е дополнителното време за активности за кои можеби немате време, како вежбањето. Вежбањето го подобрува расположението, ја намалува анксиозноста и го зголемува нивото на енергија, според експертите.
Конечно, раното легнување и будење го подобрува спиењето, а добриот сон го подобрува целото расположение, што води до поголема концентрација и повеќе енергија во текот на денот, велат експертите.
Извор:
The list
Фото: Pixabay