X
 01.07.2022 Живот

„Почувствувајте“ го Мајорел – за компаниската култура, средина и кариерни можности!

Трендовите на пазарот на труд укажуваат на тоа дека сѐ почесто вработените имаат улога во креирањето на условите за работа со тоа што за многу од нив еден од клучните критериуми за прифаќање на работната понуда е здравата работна средина и компаниската култура. Со пандемијата особено дојдоа до израз грижата за физичкото и менталното здравје на вработените, па затоа младите сѐ повеќе се интересираат да ја запознаат компанијата пред да аплицираат за одредена работна позиција. Кандидатите посветуваат доста внимание на истражување на брендот, компаниската култура и работна средина. Разбирањето на работодавците е од големо значење и има улога во креирање на очекувањата на кандидатите за нивниот личен и професионален раст и развој, работната средина и култура во која ќе го поминуваа поголемиот дел од денот.

За компаниите што имаат слух за потребите на вработените, настанатите пазарни промени не претставуваат предизвик затоа што веќе имаат воспоставено различни програми и активности за севкупна грижа и професионален развој на вработените. Токму тоа го негува и компанијата Majorel, која го препознава потенцијалот на кандидатите и дава можности за кариерен развој на своите вработени.

Со Маја Трајковa – специјалист за брендинг и маркетинг во Мајорел, разговаравме околу работните можности и средина кои ги нуди оваа интернационална компанија.

Најпрво, зошто и како Вие се приклучивте на Мајорел Македонија?

За Мајорел Македонија дознав во вистинско време, во период кога сакав да ја променам работата. Знаев што барам, бев одлучна дека компанијата во која ќе ја продолжам мојата кариера треба да негува одлична компаниска култура и работна средина, и да нуди можности за кариерен напредок, а тоа ме одведе до Мајорел.
Информацијата дека Мајорел отвора свои канцеларии во Скопје ја дознав од социјалните медиуми. Дотогаш за Мајорел немав слушнато, па решив да истражам. Од тоа што го најдов и прочитав ме воодушеви компаниската култура, грижата и вреднувањето на своите вработени. Тоа беше клучното зошто решив да се придружам на тимот на Мајорел во Скопје. Се сеќавам дека само реков – е овде сакам да работам. Подоцна се отвори работна позиција за маркетинг, аплицирав и станав дел од Мајорел.


Маја Трајковa

Дали е лесно да им се долови на потенцијалните кандидати сето тоа што Мајорел го нуди и негува?

За оние бенефити што се мерливи како што се платата, бонусите и сл., секако дека е многу полесно да се комуницираат со публиката, за разлика од оние немерливите кои не се поврзани со материјалното, туку со припадноста и чувствата на вработените кои ги имаат за компанијата и брендот.
Негуваме одлична компаниска култура и работна средина, што за жал не секогаш може да се долови во вистинска мера. Некои работи мора да ги почувствувате и да бидете дел од нив за да имате целосно искуство, не е доволно само да читате и да слушате за нив. Се обидуваме колку што е можно подобро да им го пренесеме чувството и искуството да си среќен, задоволен, слушнат вработен кој своето работно време го поминува во позитивна работна средина. Покрај различните маркетинг-активности, организираме и социјални настани за дружење и запознавање со нашиот тим. Секој петок организираме Afterwork Fridays кои се отворени за јавноста, каде што секој заинтересиран може барам накратко да биде дел од тимот и да го почувствува Мајорел, да поразговара и да слушне искуства од нашите вработени.

Кога сме веќе кај компаниската култура, каква култура негува Мајорел?

Култура на меѓусебно разбирање, грижа и вредности на креативност, извонредност и почит. Сето тоа е вградено во нашето секојдневно функционирање. Земајќи го предвид фактот дека сме распространети во повеќе од 35 земји, со над 69.000 вработени кои доаѓаат од различни средини и со себе носат различни искуства, диверзитет и инклузија е нашата ДНК.
Сепак, културата ја градат самите вработени, ние само ги поставуваме основите и насоките, и ја негуваме преку различни активности и програми кои ги имаме. Една од програмите која мене лично ми е многу драга и имам чест да ја менаџирам и имплементирам е Feel Good програмата, програма за добросостојба на вработените. Во реализацијата на самата програма се вклучени и вработени кои работат како амбасадори и ги спроведуваат програмските активности. Преку вклучувањето во програмата тие стекнуваат нови знаења и вештини различни од областа на нивниот работен домен, со што влијаеме и врз нивниот кариерен развој.
Програмата опфаќа активности за грижа и здравје на умот, телото, духот, односно поттикнување и негување на креативноста, физичкото и менталното здравје и стекнување нови знаења и искуства.

Како Мајорел ги обезбедува условите што ги бараат младите во денешно време?

Јас би рекла со тоа што сме одличен слушател и набљудувач, и флексибилно дејствуваме. Ги слушаме и се грижиме за потребите, за идеите и иницијативите на вработените. Веруваме дека за секој е многу важна комуникацијата со своите колеги и претпоставени, затоа негуваме политика на отворени врати, каде што секој вработен може лесно да пристапи и да биде ислушан од колегите и претпоставените на локално и на регионално ниво.
Покрај материјалните придобивки, атрактивната плата и неколкуте различни бонуси кои ги добиваат, нашите вработени имаат на располагање бројни бенефиции поврзани со грижата за нивното здравје и благосостојба, учество во различни рекреативни активности, и придонес кон локалната заедница. Но, тука се секако и можностите за кариерен раст и развој на локално, регионално, па и на глобално ниво. Секој кандидат кој штотуку ја започнал кариерата има можност да се надградува во зависност од покажаната волја и труд.

За крај, што би им препорачале на оние што бараат или размислуваат за промена на работа.

Мајорел е компанија во која сакаш да ја започнеш и да ја градиш сојата кариера, дури и ако започнеш од entry level позициите, постојат големи можности за развој и напредок. Ќе добијат помош и поддршка кон патот на нивниот кариерен раст. Самата работна средина те мотивира и поттикнува да размислуваш и да работиш на твоите цели и поголеми достигнувања. Верувам дека секој што бара средина каде што неговиот труд ќе биде вреднуван и неговиот потенцијал препознаен, нема да згреши ако ќе ни се придружи. Секој може да си го најде своето место во Мајорел, сѐ што е потребно е само да аплицира! 😊

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот