X
 31.07.2026 Живот

Заборавете на инфлуенсерите, стигнуваат ИНАфлуенсерите и нивниот тренд го освојува интернетот

Социјалните мрежи долго време беа место каде што инфлуенсерите ги претставуваа најновите модни парчиња, козметички производи и трендови што едноставно „мора да ги имате“.

Меѓутоа, меѓу корисниците на интернет сè поголема популарност стекнува еден сосема поинаков конвенционален бунт познат како „инафлуенсинг“ („enoughfluencing“ од англискиот збор enough што значи доволно).

Овој тренд ја промовира идејата дека среќата и личното задоволство не доаѓаат преку постојано купување нови работи. Во време на постојан раст на трошоците за живот и општ замор од консумеризмот, ова движење за многумина пристигнува како вистинско освежување.

@not.needing.new Lovely things from the community charity shop today! Ready for the live sale rail with Damson Preloved tomorrow on IG at 7pm ♻️💚 . . #preloved #secondhand #charityshopfinds #sustainablestyle #styleover50 #50pluswomen #notneedingnew ♬ Beautiful Things - Benson Boone
Голем дел од модерната интернет-култура се заснова на создавање чувство дека секогаш нешто ни недостига. Инафлуенсерите се обидуваат да ja разбијат токму тaa матрица на размислување. Нивната цел не е да ги принудат луѓето целосно да се откажат од шопингот, туку да поттикнат промислен однос кон парите и да ги намалат импулсивните одлуки кои носат само краткотрајна среќа.

Заговорниците на овој тренд нагласуваат дека намалувањето на непотребните купувања носи огромни финансиски, но и психолошки придобивки. Помалку предмети во домот значи помалку неред, помалку обврски околу нивното одржување и значително помалку стрес. Кога луѓето ќе престанат опсесивно да се споредуваат со совршено монтираните животи што ги гледаат на социјалните мрежи, фокусот природно се поместува од прашањето „Што сè ми треба?“ кон прашањето „Што е она што веќе го имам и го користам?“

Како клучен дел од оваа нова филозофија расте и популарноста на купувањето половни работи. Облеката од продавниците за облека од втора рака, реставрирањето на користениот мебел, како и позајмувањето и поправањето на старите предмети стануваат реално секојдневие. На тој начин вредноста на нештата конечно престанува да се поврзува исклучиво со она што е ново, брендирано и скапо.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот