X
 13.01.2021 Живот

Џеф Безос издвојува време од денот за да не прави ништо

Кога мислите на некој како Џеф Безос, генералниот извршен директор на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе на планетата, лесно е да се претпостави дека е премногу зафатен. Тоа веројатно е точно. Но, според него, највредниот период во текот на секој ден е времето што го поминува не правејќи ништо.

- Сакам да не брзам наутро. Станувам рано. Легнувам рано. Сакам да читам весници. Сакам да пијам кафе. Сакам да појадувам со моите деца пред да одат на училиште. Моето време за уживање ми е многу важно. Затоа го закажувам првиот состанок во 10 часот - напишал тој во својата најнова книга.

Значи, извршниот директор на една од најголемите компании во светот нема состаноци рано наутро бидејќи го користи тоа време за да не прави ништо. Ова е моќна лекција во свет во кој се чини дека понапорната работа е клуч за продуктивноста. Но понекогаш може да бидете продуктивни со тоа што ќе издвоите време за да не правите ништо.

Освен тоа, ова е лекција за емоционална интелигенција. Безос препознава дека слободното време влијае врз неговиот живот и затоа го ставил во својата рутина.


Фото: Wikipedia

Зошто оваа техника е брилијантна?

Поставува граници

Во време кога повеќето работат од дома, може да биде тешко да се постават граници и да се издвои време за работа и другите активности, особено кога сите активности се прават дома. Безос успева да издвои време за нешта што се еднакво важни како работата, како појадувањето со децата.

Помага во поставувањето приоритети

Многумина се под стрес поради работи за кои не би требало да се грижат или за кои не се одговорни. Единствениот начин да се намали ова е да се работи помалку, а трикот е во поставувањето приоритети за да не се губи вредно време на работи што не се важни.

Доведува до подобри одлуки

Човечкиот мозок е одличен во поврзува повеќе податоци или информации, но доколку поминувате многу време во состаноци или средби, не му оставате време на мозокот да ги направи тие поврзувања. Како резултат на тоа, треба да донесувате одлуки набрзина. Безос изјавил дека не донесува многу одлуки во текот на денот.

- Ако донесам три добри одлуки во денот, тоа е доволно. И тие треба да бидат што поквалитетни - изјавил тој.

Времето за размислување, дури и во текот на кратка прошетка, може да помогне.

Автор: Џејсон Атен
Извор: inc.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот