X
 01.08.2019 Живот

Eфектот Чернобил: Поранешна нуклеарна централа не може да се одбрани од „атомскиот туризам“

Телевизиската серија „Чернобил“, во продукција на Ејч-би-о, за несреќата во советската нуклеарна централа, го стимулира глобалниот интерес за настанот во 1986 година, но и туризмот во Литванија.

Локацијата каде се снимала серијата во оваа балтичка држава, стана центар на таканаречениот „атомски туризам“, со емитувањето на серијата.

Електраната „Игналина“ била дизајнирана на сличен начин како нуклеарната централа во Чернобил. Објектот поседува исти реактори што се ладат со вода и се контролираат со графитни шипки, а капацитетот им е 1.500 мегавати. „Игналина“ била затворена пред десет години, а нејзиното затворање и демонтирање бил услов за влегување на Литванија во Европската унија во 2004 година.

Електраната сега е отворена за туристи. Минатата година ја посетиле 2.240 лица, а само до јули годинава имало 1.630 посети. Интересот за објектот продолжува да расте. Посетата и електрната, оддалечена 160 километри северно од Вилнус, трае околу три часа.

1
Игналина
Фото:Mindaugas Kulbis

Посетителите добиваат дозиметри, пластични шлемови, бела облека и чевли пред да ги заобиколат долгите, слабо осветлени ходници, просториите на реакторите и контролните центри со црвеното копче што во Чернобил било притиснато, непосредно пред експлозијата.

Строго е забрането користење на мобилни телефони, камери и консумирање на храна, пијалаци и цигари.

Посетата чини 67 евра по лице, а влезниците се продаваат до католички Божиќ.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот