Покрај соништата и желбите, за населувањето на Марс може да бидат потребни илјадници години.
Реалноста е дека без разлика на тоа колку Илон Маск ги наведува колониите на Марс како неизбежен развој на настаните кој може да се случи додека тој е жив, има многу технiчки, медицински и логистички предизвици со кои треба да се соочиме пред да можеме да ја колонизираме Црвената планета, за што експертите сметаат дека најверојатно ќе биде потребен еден милениум.
Моментално немаме идеја како да ги заштитиме астронаутите од опасните нивоа на вселенска радијација на која тие би биле изложени кога би отишле на краток одмор на Марс, а не па кога би требало да останат таму подолго време. И микрогравитацијата може да предизвика опасни промени во човековото тело, особено кога е соочено со предизвиците за репродукција.
-Луѓето сакаат да бидат оптимисти за идејата за колонизирање на Марс, но тоа малку звучи и како пуста желба - истанува Рејчел Сајдлер, невронаучник од Универзитетот во Флорида, која ја
истражувала микрогравитацијата.