Илон Маск побара сите вработени во „Тесла“ да престанат да работат на далечина и да се вратат во канцеларија или ќе бидат отпуштени.
Како и секоја друга компанија, „Тесла“ дозволи далечинско работење за секое работно место каде што е можно во текот на пандемијата.
Како што стивнува пандемијата, компаниите почнаа да ги преиспитуваат своите политики за работа на далечина. Многу од нив дојдоа до заклучок дека работниците се многу попродуктивни кога работат на далечина, па одлучија да им дозволат да работат од дома. Други, пак, ги поттикнуваат вработените да се вратат во канцеларија.
Компанијата „Тесла“ на Илон Маск дефинитивно спаѓа во втората категорија, иако можеби „стимулација“ не е вистинскиот збор во овој случај.
Извршниот директор Илон Маск неодамна испрати серија е-пораки во кои бара вработените да се вратат во канцеларија или ќе бидат отпуштени.
- Секој што сака да работи на далечина мора да биде во канцеларија минимум 40 часа неделно или да си замине од „Тесла“. Ова е многу помалку отколку што бараме од работниците во фабрика.
Извршниот директор додаде дека може да има исклучоци кои самиот ќе ги разгледува и одобри.
Во уште една е-порака Маск ги потсети вработените дека поставил пример со спиење во фабриката.
- Колку сте постари, толку повидливо мора да биде вашето присуство. Затоа толку многу живеев во фабриката - за да ме видат сите како работам покрај нив. Ако не го направев тоа, „Тесла“ одамна ќе банкротираше - напиша Маск.
- Се разбира дека постојат компании кои не бараат укинување на работењето на далечина, но кога последен пат тие направија одличен производ? Поминa многу време.
Извор:
Electrek.co
Фото: Screenshot/YouTube