Мајка сум на две ќерки на возраст од 7 години и 3 години. Имам проблем со големата ќерка. Постојано плаче, вика, фрла, ако не е по нејзино, на пример еднаш не ја пуштив да игра надвор затоа што беше доцна и ми рече: „Ако не ме пуштиш, ќе го скршам телефонов или ќе ја истепам сестра ми“. Сега има и поголем проблем, играла со другарчињата и ја терале да го покажува горниот дел од телото, ѝ рекле дека ако не го покаже, нема да игра со нив. И таа го направила тоа. Ја казнив така што нема да игра повеќе со нив и ѝ го зедов телефонот. Се плашам да не направи некој поголем проблем и се мислам да одам на психолог. Ве молам за совет.
Одговорот од психологот прочитате го на
Деца.мк