Родители сме на две деца, првото е момче на 2 години и 10 месеци, а второто е ќерка која е стара 4 недели. По раѓањето на сестра му, момчето целосно се промени, дури и во погледот има промена. Порано беше доста зборлест, јадеше без проблем, а сега одбива да јаде. Си игра со храната, ја фрла или ја мачка по лицето, по косата, ја фрла кон нас. Секое капење најпрво започнува со одбивање, едно облекување трае еден саат, за да излеземе од дома исто треба саат време, одбива да мие раце, заби, за сѐ вреска, а порано тоа не беше случај. Кога нешто му се зборува, нѐ игнорира и не нѐ слуша, не почитува никаков авторитет дома. Во односот кон сестричката на моменти е пренежен и премил, на моменти знае да биде агресивен со намера да ја повреди. Не остава да ја дојам, плаче и ме тера да му ја дадам на татко му да ја држи, плаче до губење здив. Но, кога ќе излеземе надвор во парк, некаде на гости или со други луѓе, нема помирно дете од него, не е себичен и си игра. Со секаков пристап сме пробале, но нема никакво подобрување. Што да правиме?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк