Топлата морска вода во Флорида станува опасна за коралниот брег, кој е трет најголем во светот. Научниците почнале да отстрануваат дел од коралите за да ги чуваат во резервоари со постудена вода со цел да ги заштитат.
- Топлата вода не е добра за кој било морски организам, без разлика дали е корал, риба или јастог. Значи, ризикуваме изумирање на многу риби, морски желки итн. - порача Алекс Нуфилд, координатор на проекти во Фондацијата за реставрација на корали.
Температурата на површината на водата во Флорида стигнала до 32,2 Целзиусови степени изминатиот месец, а некаде била и повисока. Коралите може да преживеат на температури од 21 до 28,8 Целзиусови степени.
Непрофитната организација на Нуфилд и други локални групи со недели собираат примероци од корали и ги ставаат во резервоари на копното каде што може да се контролира температурата на водата и тие ќе бидат заштитени.
Избелувањето на коралните гребени забрзало оваа година поради високите температури. Тоа настанува кога поради лошите услови, коралите ги исфрлаат алгите кои им даваат хранливи материи и им ја даваат бојата.
Извор:
Science alert
Насловна фотографија: Pixabay