Управата за хидрометеоролошки работи објави прогноза, според која, деновиве нè очекуваат прилично високи температури.
-Според прогнозираните и пресметаните гранични вредности на екстремни температури од УХМР, на територијата на нашата земја утре ќе биде активно жолто, а во Скопската и Полошката котлина портокалово ниво за опасност од високи температури. Поради натамошен пораст на температурите од четврток насекаде ќе биде активно портокалово ниво - објавија од УХМР.
Според прогнозите, минималните температури од четврток до крајот на неделава ќе бидат од 13 до 23 степени, а максималните ќе достигнат и 40 степени.
Фото: УХМР