X
 13.10.2017 Наука

Ураганот „Офелија“ ѝ се заканува на Европа!


Мапа на атмосферски движења
(Фото: Screenshot)


Офелија“ е десеттиот по ред ураган што оваа сезона се формира над Атлантикот откако тропската бура во четвртокот се трансформира во ураган од прва категорија, јавуваат британските метеоролошки служби.

Со ова е достигнат рекордот стар еден век, кој се повторил уште трипати: 1878, 1886 и 1893 година, наведуваат метеоролозите.

Тие предупредуваат дека на почетокот од идната недела ураганот би можел да стигне на западната страна од Велика Британија, а до вторник би се приближил до ирскиот брег.

Најстрашните удари на бурата се очекуваат на северниот и на западниот дел од Велика Британија, а брзината на ветерот се очекува да достигне и до 130 километри на час. Хана Финдли, метеоролог од Weather Channel, изјави:

„’Офелија‘ би требало како ураган од прва категорија в недела да помине западно од Португалија, а в понеделник да се насочи накај Велика Британија. Тоа дополнително ќе ги подигне температурите во Европа, кои ќе бидат за 5 до 7 степени повисоки од нормалните“.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука