X
 19.06.2016 Живот

Топлотен бран во Македонија, портокалова фаза во Јужновардарскиот регион

Денеска територијата на целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, освен Јужновардарскиот регион каде се предвидуваат температури од портокалова фаза.



Како што соопшти Министерството за здравство, согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, препораките од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години денеска ќе важат само за Јужновардарскиот регион, кој ги опфаќа градовите Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип,  Радовиш и околните населени места.

„Само во овој регион остануваат да важат препораките за портокалова фаза, односно се препорачува на работодавaчите во овој регион доколку изведуваат работи на отворено, да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во овој регион, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот“, стои во соопштението.

За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови, се напоменува дека е потребен повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.



Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот