X
 01.08.2024 Живот

„Нетфликс“ почнува морбидно шоу кое ќе биде објавено по смртта на учесниците

„Нетфликс“ нарача нов формат на шоу кое ќе се вика „Последните зборови на познатите“, а идејата е да се снимаат интервјуа со познати личности и да се објават по нивната смрт.

Идејата е позајмена од данската радио-телевизија, која започна со ваков тип на емисија во 2020 година и досега се прикажани шест епизоди.

„Нетфликс“ сепак ќе има поглобален пристап, а луѓето кои ќе бидат интервјуирани нема да ѝ бидат познати на јавноста однапред, ниту тоа што е кажано, така што работите ќе се одвиваат во тајност. Шоуто ќе биде објавено по нивната смрт.

Целта е да се добијат најискрените одговори на прашањата бидејќи тие нема да бидат познати додека личностите се живи, што им ја дава потребната храброст да кажат апсолутно сѐ што им е на ум.

Бред Фалчук и Микел Бондесен ќе бидат извршни продуценти заедно со Дејвид Голдберг и Дејвид Фридман.

Извор: n1info.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот