Опра Винфри им направила интервју на над 37.000 луѓе во нејзината емисија во периодот од 1986 до 2011 година. Таа разговарала со речиси секој што ѝ е познат на јавноста, од Мајкл Џексон до Барак Обама, но и со луѓето што не се познати, а заслужуваат да ја раскажат својата приказна.
Кога станува збор за карактерот на личностите со кои имала интервју, Опра забележала една заедничка карактеристика што ги спојува сите.
- Секој што ќе го сретнете само сака да биде виден и слушнат - изјавила Винфри неодамна на еден настан во Бруклин, Њујорк.
- По секое интервју, знаете што ме прашуваа сите? „Дали тоа беше добро? Како беше? Каков бев?“ На еден или на друг начин, сите ми го кажуваа тоа - додала таа.
Винфри сфатила дека секој проблем претставен во емисијата впрочем се појавил затоа што некој не бил забележан.
- Ви велам, во секојдневието, во кујната, во конференциските сали, на работа, во сите врски, на секој човек што го среќавате најважни му се прашањата: Дали ме виде? Дали ме слушаш? И секој аргумент води кон тоа - кажала Винфри.
Откако го разбрала ова, водителката се трудела повеќе да ги слуша луѓето со кои секојдневно комуницира. За да го постигне тоа, почнала да медитира, па дури и ги поттикнала нејзините вработени да го прават тоа. Во едно интервју таа открила дека нејзиниот тим правел две паузи во текот на денот за да медитира 20 минути.
Извор:
Cnbc.com