Серијата „Hunted“ се враќа на екраните, така што продуцентите бараат нови натпреварувачи. Ако сте личност која често „исчезнува“, тогаш зошто да не ги искористите вашите вештини за нешто покорисно отколку само нервирање на вашите најблиски, на пример, освојување 100.000 фунти?
Да, ќе ја добиете оваа парична награда ако успешно останете неоткриени 28 дена. Но, наместо да ве бараат вашите родители, браќа, сестри, роднини и пријатели, овој пат за вашето пронаоѓање ќе бидат организирани поранешни полициски и разузнавачки агенти.
Ако не сте запознаени со концептот на серијата, учесниците на шоуто „Hunted“ 28 дена стануваат бегалци. Во меѓувреме, „ловците“ користат голем број методи за надгледување во обид да ги пронајдат, вклучувајќи и отворен извор на разузнавачки системи, испрашување на членови на семејството и пријателите и сајбер-експертиза.
За да направат да им биде уште потешко на
бегалците, ловците имаат права исто како што би имала полицијата во слична ситуација, на пример, имаат пристап до сите надзорни камери во градовите.
Ако сакате да учествувате,
ТУКА можете да се пријавите. Потребно е да вклучите кратко видео (максимум три минути) во кое им кажувате на продуцентите кои сте и зошто сакате да сте бегалец. Пријавувањето е отворено до 12 март.